Голем шумски пожар во рестриктивната зона околу Чернобил

Во рестриктивната зона околу нуклеарната централа Чернобил избувна голем пожар поради борбите, изјави комесарката на украинскиот парламент за човекови права Људмила Денисова и ја повика Меѓународната агенција за атомска енергија итно да испрати помош.
„Горат повеќе од 10.000 хектари шума, што може да предизвика зголемување на нивото на радијација во воздухот“, соопшти Денисова на Фејсбук, пренесена од Укринформ.
Денисова уште тврди дека во моментов е невозможно пожарот да се стави под контрола и да се изгасне бидејќи оваа зона, во која е забранет пристапот на граѓаните поради високото ниво на радијација, е под контрола на руските сили.
Таа предупреди дека пламенот може да ги зафати складиштата за потрошено нуклеарно гориво и објектите со нуклеарен отпад во зоната на Чернобил, како и дека поради сувото и ветровито време може да дојде до пожари од големи размери.
Ново на Сител
-

Си Џинпинг во новогодишната порака го пофали напредокот на Кина и навести потенцијално присоединување на Тајван
-

Путин уверен во победата во Украина во својата новогодишна порака
-

Андоновски: Во 2025-та испорачавме, а во 2026-та ја забрзуваме дигиталната траснформација на Македонија
-

Сиљановска Давкова ги посети децата на детските клиники во Скопје
-

Повеќе од 24 часа во целосен прекин сообраќајот Струга – граничен премин „Ќафасан“
-

Истражување на Галуп: Во Србија само 27 проценти од граѓаните веруваат дека 2026 година ќе биде подобра
-

Мите Стефоски избран за претседател на Советот на Општина Струга
-

Обвинителен акт против седум лица за даночна измама, меѓу нив и бизнисменот Ристо Крмзов
