-->
-->
Голем шумски пожар во Португалија
-->

Повеќе од 600 луѓе, од кои 500 пожарникари денеска беа мобилизирани во гаснењето на големиот шумски пожар во централна Португалија, пренесува Фена.
Службата за цивилна заштита соопшти дека огнот е ставен под контрола.
Два авиони, еден хеликоптер и 200 возила учествуваа во гаснењето на пожарот, кој од вчера попладне изби во Алваро.
- Постоеше закана пламените да се прошират на оддалечените куќи, што создаде паника меѓу населението, поради што е евакуирано, изјави портпаролот на пожарникарите Руи Еставес.
Прогласено е предупредување од евентуални пожари во шест комуни во средна и јужна Португалија. В0 2013 година од јануари до крајот на август во пожарите во Португалија уништија над 94.000 хектари шума.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Емирати“ по краткиот прекин, ги продолжува летовите до и од Дубаи
-

Израелската авијација го нападна Техеран, а Иран со дронови Израел и американските бази во ОАЕ и Кувајт
-

Сончевото и релативно топло време го поттикна пролетното будење на овошките
-

Расел победи на првите квалификации во сезоната 2026 во Формула 1
-

Трамп: Куба е пред колапс и бара договор со САД
-

„Емирати“ на неодредено време ги суспендира сите летови до и од Дубаи
-

Една третина од пратениците во ЕУ се жени, во Македонија 37,5 отсто
-

Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем неделен раст од 1983 година
