Голем пожар во станбени облакодери во Обединетите Арапски Емирати

Голем пожар зафати станбени облакодери во Обединетите Арапски Емирати, што е трет таков случај за помалку од една година.
Пожарот избувнал во еден облакодер во емиратот Ајман, северно од Дубаи, а подоцна се раширил и врз најблиската, соседна повеќекатница.
Локалната полиција соопшти дека нема повредени, затоа што сите станари на време се евакуирани, но десетици од нив побарале лекарска помаш поради помали повреди и проблеми со дишењето.
Пожарот во Ајман избувнал доцна синоќа, по локално време, во станбениот комплекс познат како „Ајман Уан“, што го сочинуваат 12 облакодери со вкупно три илјади апартмани.
Претставник на Цивилната заштита на емиратите изјави денеска дека огнената стихија е ставена под контрола, а пожарот е изгаснат, па сега екипите чекаат да се оладат заградите, со цел експерите да ги утврдат причините за избувнувањњто на пожарот.
Комплексот во Ајман чини 735 милиони долари и требаше да биде завршен до 2009, но неговото комплетирање се оддолжи до минатата година.
Во новогодишната ноќ, голем пожар го зафати луксузното 63 катно здание „Адрес хотел“ во центарот на Дубаи.
Истрагата утврди дека при градбата на овој облакодер не биле почитувани сите безбедносни стандарди, па пожарот го предизвикал обичен краток спој во електричната инсталација.
Во февруари 2015 година, пожар го оштети облакодерот „Факел“ во Дубаи, што важи за една од највисоките станбени објекти во светот.
Ново на Сител
-

Комисиска расправа за предлог законите за високи раководители и за соодветна и правична застапеност
-

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за прекин на воените дејствија против Иран
-

Трамп најави учество на Самитот на Г-7 во Франција
-

Променливо облачно со повремен дожд и грмежи
-

Кувајт протера ирански дипломати по смртоносните напади
-

Во ДР Конго потврдени 344 случаи на ебола, 60 пациенти починаа
-

МЗ: Две лица добија органи од донор, 52-годишник ново срце, 23-годишник бубрег
-

Скопје ќе биде престолнина на европскиот кикбокс – Македонија домаќин на Европското кикбокс првенство 2026
