Голем пожар во стан во Кисела Вода
Деветмина се полесно повредени во неколку часовниот пожар кој избувна попладневно во станбена зграда во скопска Кисела вода, а во кој изгореа три стана. Пожарот попладневно целосно беше изгаснат, а жителите се евакуирани. Сите повредени се на Клиниката за токсикологија, но се во добра здравствена состојба. Меѓу нив се и тројца пожарникари, од кој едниот има и полесни изгореници на раката.
Најголем дел од жителите успеале самостојно да се евакуираат од зградата. Видно вознемирени раскажуваа за настанот, но бараа и помош заробените соседи, меѓу кои и две деца.
Пожарот избувнал попладнето околу 14 часот во стан на петиот кат во зградата, но за само половина час пламените јазици опожарија уште два други стана.
Противпожарните служби се бореа со огнената стихија неколку часа. Првично, причина за пожарот е електричната инсталација.
Симовновски потенцираше дека пожарникарите имале проблем директно да пристапот до пожарот поради непрописно паркираните возила пред зградата, како и затворениот терасен дел на покривот од зградата кој жителите го доградиле.
Градоначаланикот на Кисела Вода Филип Темелковски најави помош за настраданите.
Зградата 24 часа ќе биде без струја, а жителите од првиот влез на зградата ноќта најавија дека ќе ја поминат кај свои блиски. Полицијата направи увид, а во текот на утрешниот ден ревизија на електричната инсталација ќе направат и екипи на ЕВН.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
