Голем пожар во Карпош, зафатени повеќе куќи
Вечерва, во 20:02 часот, преку системот за итни повици Е-112 е пријавен пожар во куќа на улицата „Скупи“ во општина Карпош, Скопје.
Од страна на Министерството за внатрешни работи, преку Дежурно-оперативниот центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК), побарано е итно исклучување на електричната енергија во нисконапонската мрежа, со цел да се овозможи безбедна интервенција на екипите од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ).
Според првични и неофицијални информации, освен првично зафатената куќа, пожарот се проширил и на уште три соседни куќи. Пожарникарските екипи се на терен и работат на локализирање и гаснење на огнената стихија.
Во моментов нема информации за повредени лица. Надлежните институции ќе извршат увид откако ќе биде целосно изгаснат пожарот, а причините за неговото избувнување дополнително ќе се утврдуваат.
Ново на Сител
-
ОАЕ се соочуваат со нагло зголемување на температурите ова лето, температурите достигнуваат 51,8 степени
-
Анкета на српските студенти во блокада: Поддршката за СНС под 40 проценти
-
САД може да бараат гаранции до 15.000 долари за некои туристички и деловни визи според новата пилот-програма
-
Вардар ја одреди цената на влезниците за дербито со Пелистер
-
Најчестите знаци на анксиозност кај децата
-
Земјоделските култури под топлотен стрес, се очекува врнежите да ја подобрат состојбата
-
Невреме во Скопје проследенo со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-
Земјотрес на подрачјето Тетово - Гостивар со интензитет од три степени