Голем пожар во јужниот дел на грчкиот остров Лезбос
Неколку куќи се изгорени, според локалните власти, во големиот пожар што претпладнево избувна во приморското место Ватера, во јужниот дел на грчкиот остров Лезбос, а жителите се превентивно евакуирани, јави дописничката на МИА од Атина.
Префектот на островите во северниот дел на Егејското море, Костас Муѕурис за грчката телевизија ЕРТ рече дека во пожарот се изгорени неколку домови, а разговарал со министерот за климатска криза и цивилна заштита Христос Стилијанидис за од Атина, итно да стигнат на Лезбос воздушни средства.
Преку бројот 112 за итни случаи, беше побарано од жителите на Ватера да се евакуираат, откако огнената стихија од планината се симна кон населеното место.
Според локалните медиуми од островот, станува збор за туристичко место, а освен домови, биле евакуирани и хотели.
Во гаснењето на пожарот интервенираат 50 пожарникари со два пешадиски тима, 17 возила, седум авиони и еден хеликоптер, а помагаат и пожарникари волонтери и цистерни од општините.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата