Голем пожар на грчкиот остров Евиа, дел од населението евакуирано

Во централниот дел на грчкиот остров Евиа од вчера бесне голем пожар, поради што власите спроведоа евакуација на две села и еден манастир.
Поради пожарот затворен е и дел од главниот пат што минува низ остров, а со цел да овозможат побрзо заминување на оние што сакаат да ја напуштат Евиа, властите наредија траект линиите кон Атина да сообраќaат во текот на целата мината ноќ.
Противпожарната служба на Евија, остров што се наоѓа на околу 70 километри северно од Атина, соопштија дека засега нема информации за жртви или опожарени објекти, но оти поради наближување на огнот спроведена е евакуација на жителите на селата Контодеспоти и Ставрос.
Пожарот зафатил голема површина под борова шума и забрзано се шири потпомогнат од силниот ветер.
Во гаснењето на пожарот учествуваат 62 пожарникари со 28 противпожарни возила, како и авиони и хеликоптери.
Ново на Сител
-

Нова стратегија за развој на туризмот на југоистокот од земјава
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
