Балкан
25. January 2017 - 21:41

Голем пожар: Гореше познат ноќен клуб во Белград

Пожар изби ноќниот клуб „Топ најт“ кој веќе подолго време не работи. Пожарот го зафатил кровот со површина од околу 100 метри квадратни.

На теренот имало повеќе од 30 пожарникари, кои брзо го локализирале пожарот.

Портпаролката на Брзата помош во Белград, Нада Мачура, вели дека оваа служба не добила ниту еден повик да згрижи евентуални повредени.