Голем пожар беснееше во Гостивар, изгореа куќи и продавници

Во 02 часот и 30 минути утринава во Гостивар на улицата „Благоја Гиноски“, од засега непознати причини настанал пожар во објект во сопственост на 74-годишниот М.Д.
Била зафатена кровната конструкција, а на приземјето од објектот лоцирани биле продавниците „Про Шот“ (продавница за обувки), ТП„Вест Ман“ (продавница за облека) и ТП „Европа“ (книжара). Опожарен бил заедничкиот кров од продавницата за обувки и продавницата за облека, дел од обувките, а останатите обувки и облека целосно биле оштетени од чад и при гаснење на пожарот.
Исто така, од пожарот зафатен бил и мал дел од дрвената кровна конструкција од книжарата. Од пожарот опожарени биле и мал дел од дрвените кровни конструкции од куќите сопственост на 56-годишниот Х.Ч. и 61-годишниот Ч.С. лоцирани зад опожарениот објект.
Од страна на Полицијата во Гостивар извршен е увид на местото на настанот.
Материјална штета дополнително ќе биде утврдена.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
