Голем кикс на Барса во Севилја
Барселона синоќа одигра 0:0 против Севилја и му овозможи на Реал со евентуална победа над Реал Сосиедад (недела) да се врати на челната позиција во Ла Лига.
Џерард Пике смета дека неговиот тим има мали шанси да ја одбрани титулата бидејќи не верува дека Реал ќе направи кикс до крајот на сезоната.
„Сега веќе ништо не зависи од нашите резултати. Ќе ни биде тешко да ја одбраниме титулата, ќе се бориме до крајот. Сепак свесни сме дека ќе биде големо изненадување доколку Реал направи некој кикс“, рекол Пике по мечот на „Рамон Санчез Писхуан“.
Со оваа оваа изјава на 33 годишниот фудбалер не се согласува тренерот на Барселона Кике Сетиен, според него Реал нема да победи на сите мечеви до крајот на првенството.
„Пике тоа го кажал во момент на фрустрација. Кога ќе се олади ќе размислува поинаку. Јас не сум убеден дека Реал ќе ги победи сите натпревари до крајот на првенството“.
Барселона наредниот натпревар го игра на домашен терен, на 23 јуни против Атлетик Билбао.
Ново на Сител
-
Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања
-
Малолетник натепан од свои врсници во Аеродром - Еден снимал, другите физичките го нападнале
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина
-
Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед
-
Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
-
Истрага за двојното убиство во Кратово
-
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам
-
Скопјанец осомничен за разбојништво во банка