Голем интересот за отворање старт-апи, максимална поддршка од државата
Сите млади луѓе од земјава кои имаат старт-ап бизниси ќе бидат силно поддржани да останат во Македонија, државата ќе им биде партнер да пораснат, да застанат на свои нозе и да се развиваат, изјави денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев пред почетокот на настанот по повод Европската недела на старт-апи 2018.
По неколку години, како што рече, ќе може да се констатира дека во земјава има дух и на претпримеништво и здрава економија.
- Владата интензивно ќе вложува во воспоставување услови за младите, кои сакаат да отворат и да ги развиваат своите бизниси, кои ја гледаат својата иднина во Македонија. Државата нуди и ќе нуди уште повеќе, истакна директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски.
Според него, интересот за отворање старт-апи се зголемува. Изминатите шест месеци е огромен. Двата повика на Фондот се завршени, а пријавени се многу квалитени проекти. Потпишани се договори со 20 нови компании, кои добија средства преку владините програми за развивање сопствен бизнис.
На настанот насловен „Од искра со успех“, тројца сопственици ќе ја раскажат својата приказна, вицепремиерот Анѓушев за „Фероинвест“, Сашо Мацановски Трендо за Оффнет и Наташа Пешева за Ајс технолоџи.
Ново на Сител
-

Најстудено изутринава на Попова Шапка минус седум степени, најтопло во Гевгелија седум степени
-

Пресуда во корист на „Њујорк тајмс“: Пентагон незаконски го ограничува пристапот на новинарите
-

Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
-

Генералниот секретар на ОН го поддржува Одборот за мир, но го смета за личен проект на Трамп
-

Изборен молк на сила во Словенија пред неизвесните парламентарни избори
-

Иран првпат употреби интерконтинентална ракета со среден дострел во напад врз американско-британска воена база; Пентагон не потврдува
-

Доналд Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток
-

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди
