Македонија
5. јуни 2024 - 12:27

Голем интерес за стручно образовние во Струмица

Стручното образование повторно станува атрактивно за младите. Се поголем број основци се одлучуваат средното образование да го продолжат во некое од стручните училишта и да се стекнат со  диплома со која  ќе бидат конкурентни на пазарот на труд. Дека интерес има покажа и  инфо денот во средното општинско училиште Димитар Влахов во Струмица каде  голем број од идните средношколци дојдоа да се информираат за струките и образовните профили што се нудат . Според директорката на училиштето, стручното образование нуди многу можности, а едната од нив е учење преку преку работа. Таа потенцира дека доколку некој од учениците сака да го продолжи образованието во друга област тоа може да го стори и со диплома од стручно училиште.

Учениците сметаат дека со дипломата што ќе ја добијат во стручно училиште  може полесно   да се вклучат на пазарот на труд. За некои  стекнатото знаење во стручно училиште може да биде и добра основа за почеток на сопствен бизнис.

За новата учебна година во трите средни училишта во Струмица за идните средношколци планирани  1207 места/ Од нив 969 се во стручно, а 238 места во гимназиско образование.