Бизнис
26. May 2017 - 19:49

Голем интерес за пари од ИПАРД 2 програмата

Голем интерес кај земјоделците за искористување на парите од ИПАРД 2 програмата. Од Платежната агенција информираат дека за разлика од ИПАРД 1 кога имало мал број на апликации, сега земјоделци и компании секојдневно аплицираат. На располагање со овој повик се 27 милиони евра. Надлежните сметаат дека износот овој пат ќе биде премал во однос на интересот. Се надеваат на можноста да издејствуваат поголема сума.

Земјоделците можат да аплицираат за обнова на механизацијата, изградба на откупно преработувачки центри или пак за фарми и  мали бизниси во руралните средини. . Добиваат поврат на 60 отсто од направената инвестиција.  Златков вели дека за разлика од ИПАРД 1 кога најголем дел од апликациите биле за обнова на механизацијата сега ситуацијата е поинаква.

Крајниот рок за поднесување на апликации е 23 јуни. Вкупниот износ на европски пари достапни за земјоделците со ИПАРД 2 е 60 милиони евра.