Голем интерес за билети за СП 2026

Иако до почетокот на Светското првенство 2026 година има уште девет месеци, меѓу фудбалските фанови низ целиот свет постои голем интерес за билети, што се гледа од бројот на апликации поднесени за првата фаза од продажбата.
Во првите 24 часа, пристигнале 1,5 милиони апликации од целиот свет, објави денеска ФИФА.
Најмногу апликации за билети се пристигнати од САД, Мексико и Канада, кои се домаќини на светскиот настан, по што следат навивачи од Аргентина, Колумбија, Бразил, Англија, Шпанија, Португалија и Германија.
Кој ќе добие шанса да купи билет ќе се одлучи со жрепка, а апликациите за првата фаза од продажбата на билети можат да се прифаќаат до 19 септември.
Сите апликации имаат подеднакви шанси да бидат извлечени во жрепката, без оглед на тоа кога се поднесени. Навивачите ќе дознаат дали имале среќа во жрепката на 29 септември и ќе имаат рок до 1 октомври да купат билети.
Натпреварите од Светското првенство во 2026 година ќе се играат во 11 американски градови, два канадски (Торонто, Ванкувер) и три мексикански (Мексико Сити, Гвадалахара, Монтереј).
Бројот на учесници на Светското првенство е исто така зголемен, од 32 на 48 национални репрезентации.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
