Голем интерес кај малите брзорастечки компании за грантовите од 10.000 евра
Владата нуди грантови до 10 илјади евра за брзорастечки микро и мали претпријатија. Овие неповратни средства за брзорастечките фирми се доделуваат за набавка на опрема, а со цел отворање на нови работни места.
Производните и услужните фирми кои ќе аплицираат треба да постојат најмалку три години и ист толкав период да работат со добивка, да ги имаат платено сите давачки кон државата, да немаат намален број на вработени во последните шест месеци.
При рангирањето освен план за развој особено ќе се вреднува предвидениот број на нови вработувања како и дали бизнисот е креиран како резултат на претходно користење на владини мерки и програми од обвласта на самовработувањето.
Опремата која ќе биде обезбедена со оваа финансиска помош работодавачот нема да може да ја продаде во следните 3 години. Фирмата ќе има обврска и да вработи уште најмалку 3 лица и да ги задржи на работа во период од 3 години. Апликациите се примаат во агенцијата за вработување до 12 март.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
