Бизнис
27. February 2016 - 16:26

Голем интерес кај граѓаните, компаниите и општините за проектот Купи куќа за млади

Голем интерес кај младите за изградба на куќа со субвенции од државата, но и од компаниите и локалните самоуправи за учество во овој и останатите проекти во сферата на градежнитвото и домувањет.

На претстојниот саем за градежнитштво ќе се понудат над 3.000 плацови и 3.000 станбени единици преку владините проекти. Во понудата влегугаат  110 компании и плацеви од 13 општини меѓу кои и скопските Карпош, Петровец, Сопиште и Илинден.

Градоначалникот на Илинден информира дека покрај постојната типска населба во општината ќе се воспостат уште две локации на кои ќе може да се градат куќи преку овој проект и останатите владини мерки, додека општината во најкус рок ги завршува административните процедури.

За проектот Купи куќаза млади и за субвенциите за купување стан во тек е караван кој во понеделник ќе ги претстави поволностите во Битола, Демир Хисар и Ресен. Карановот ќе се одржи во 30 општини, а меѓу следните дестинации се Тетово, Гостивар, Дебар, Куманово, Кратово, Штип, Струмица, Радовиш и други градови.