-->
-->
Голем дел од Арачиново без струја – екипите на ЕВН не се чувствуваат безбедно
-->
Околу 80 отсто од домаќинствата во Арачиново денеска немаа струја. Од ЕВН Хоме за ТВ21 потврдуваат дека во понеделник наутро во општината дошло до голем дефект како последица на големото преоптоварување на трафостаниците поради континуираното незаконско користење на струјата од страна на жителите.
Во Арачиново нашите екипи често се соочуваат со вербални и физички напади од страна на жителите, што го оневозможува извршувањето на работата во целина. За да се работи мора да се создадат услови за нормално функционирање и работа, како за дефекти, така и за реконструкција и модернизација на мрежата. Се додека нема нормални услови за работа и има пречка во извршувањето на работата, нема да има можност за реставрирање – велат од ЕВН.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК одлучи кандидатурата за изборите да се одвива согласно член 63 - со 2 потписа
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека одлуката на ДИК за ново упатство - партиите го обвинуваат ДУИ за неуспешните измени
-
Независните не се откажуваат од учество на избори - дел собираат потписи, дел не
-
Дезинсекција против комарци – каква е ефикасноста, колку често треба да се врши и зошто е важна?
-
Ангелов: И денеска најкритично е на Јасен и кај Јегуновце
-
Пазарите преплавени со фалсификуван мед