Македонија
28. April 2024 - 16:31
Голем број гости се очекуваат за празниците во Охрид
Охрид за првомајските и велигденските празници ќе биде исполнет со гости.Според најавите на туристичките работници најбројни ќе бидат гостите од земјава и регионот, но присутни ќе се и посетителите од другите земји во рамките на балканските кружни тури.Најбарани како во хотелите така и во приватното сместување се три и четиридневните аранжмани.
Со збогатена понуда за сечиј вкус угостителите ќе ги привлекуваат гостите.
Убавото сончево време и овој викенди го раздвижи главниот туристички центар па хотелиерите и угостителите се надеваат на успешна летна сезона.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->