Македонија
6. November 2015 - 16:46

Голата наставничка си замина од катедрата, остана на Фејсбук

Разголените фејсбук фотографии поважни од работното место. Кумановската наставничка одлучила да даде отказ наместо да ги повлече недоличните и вулгарни слики од својот профил. Скандалот со одделенската  учителка од кумановско Доброшане не  е непознат за родителите но и децата. Таа веќе подолго време прикачувала разголени слики до кои пристап имале и нејзините ученици на возраст до 10 години. Училишната врата денеска остана затворена за медиумите, директорката на Основното Кочо Рацин цел ден беше недостапна за коментар. Реакциите на револтираните родители ефективни. Наставничката оставката ја поднела минатата недела а од агенцијата за вработување е избришана на 3-ти месецов.

Министерот за образование вели дека мора повеќе да се внимава кога се вработува кадар во образованите институции.

 Дирекцијата за заштита на лични податоци  е  еинствено надлежна да постапува по злоупотребите на фејсбук профилите, но за овој случај до нив немало никаква пријава.

50 годишната наставничка повеќе не е дел во воспитно образовниот процес. Таа зад себе има  20 годишен  просветен стаж во кој  воспитувала деца од најрана возраста, своевремено 3 години била и директор на друго основно училиште.