Македонија
15. December 2024 - 16:46

Годишнина од формирањето на Движењето ЗНАМ

Движењето ЗНАМ на првата годишнина од формирањето, најави создавање Национална платформа за обединување. Димитриевски, вели целта е да ги обедини сите политички фактори за македонско национално единство и дефинирање на македонските црвени линии. Очекува потпис на документот да стави и ДУИ.

„Ние сме партија која креира нови политики кои сакаме да ја придвижиме државата напред, а не да бидеме заложници на старите навики во делот на континуирана дестабилизација во одредени моменти кога некој од личен политички аспект не е задоволен со тоа каде е позициониран и каде е и накој начин функционира“, изјави Максим Димитриевски, Претседател на Движење ЗНАМ.

Димитриевски вели, остануваат посветени на брза европска интеграција, но истовремено и за економска и социјална стабилизација на државата. Ја поздрави иницијативата на Германија и Словенија со која бараат билатералните прашања повеќе да не бидат пречка за отпочнување преговори со ЕУ.

„Ние во моментов по прифаќање на т.н Француски или европски предлог, де факто разговараме и преговараме со ЕУ и сметам дека не може еден таков систем како што е ЕУ  која треба да ги штити интересите на „малите“, да преговара за еден билатерален спор“, вели Димитриевски. 

ЗНАМ на политичката сцена е една година. На последните парламентарни избори обезбеди шест пратеници, а со двајца министри е дел од владејачката коалиција.