Годишна медиумска конференција за ЈИЕ во Струга

Медиумската слобода како основно човеково право и важен фактор за демократијата и проблемите со кои се соочуваат медиумите и новинарите во земјите од Југоисточна Европа, но и пошироко, се главните теми на кои ќе се дебатира на дводневната петта Годишна медиумска конференција за Југоисточна Европа што денеска и утре се одржува во Струга во организација на ОБСЕ.
На конференцијата ќе стане збор за безбедноста на новинарите како апсолутен предуслов за слободни медиуми, за физичките и вербалните закани кон нив, за се позачестеното хакирање на информативните портали и за начините за креирање слободни и безбедни услови за работа на медиумите и новинарите.
Ќе се дебатира и за проблемот со лажните вести, пропагандата и дезинформирањето кои се присутни во регионот, за економската сигурност на новинарите, ниските примања, социјалната несигурност и работата без правни договори, како и за цензурата и самоцензурата.
Учесниците меѓу кои и новинари, претставници на граѓански организации, на академската заедница, на предвидените панел дебати ќе дебатираат и за регулацијата или саморегулацијата на медиумите, за добрите пракси на јавните сервиси. Меѓу говорниците на дводневната конференција во Струга се најавени и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Харлем Дезир, министерот за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, директорот на Европската федерација на новинари Ренате Шредер, извршниот директор на Б92 Вера Матиќ, претседателот на ЗНМ Насер Селмани, како и повеќе директори и главни уредници на медиуми од Македонија и земјите од регионот.
Ново на Сител
-

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола
-

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале
-

Фајненшл Тајмс: Вашингтон ги предупреди европските сојузници да очекуваат сериозни доцнења во испораките на оружје од САД поради војната во Иран
-

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово
-

Трамп: Иранците бараат нешта со кои не можам да се согласам – или ќе ги збришеме, или ќе се договориме
-

Пентагон: САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Украинските власти тврдат дека не добиле официјален предлог за примирје за 9 мај
