Годишна конференција за ИПА2 механизмот
Годишната конференција на ИПА2 механизам за граѓански организации ќе почне денеска во организација на Евротинк - Центар за европски стратегии.
ИПА механизмот претставува мрежа на граѓански организации од Република Македонија, кои се здружени и насочени кон зајакнување на местото, улогата, значењето и капацитетите на граѓанските организации во соодветно и правилно користење на европските фондови и во процесот на пристапување на земјата во ЕУ, преку практикување на партнерството со владините институции и институциите на ЕУ.
Панел-дискусијата треба да поттикне дебатата и соработка меѓу актерите кои се вклучени во процесот на пристапување во ЕУ, како државни така и недржавни, преку подобрување на меѓусебните партнерски односи во искористувањето на европските фондови.
Ново на Сител
-
Експертска дебата по препораките на Брисел за реформи на Судскиот совет
-
Опасни карпи се дробат рачно и со механизација, делницата Дреново-Фариш наскоро во сообраќај
-
Преглед на вестите од светот
-
Научно-стручна распава по предлог-законот за Судски совет
-
Идризи за Сител: Не го направив намерно, случајот се политизира
-
Тема на денот со безбедносно-политичкиот аналитичар Милан Стефаноски
-
Со лажни фактури за поврат на ДДВ, државниот буџет олеснет за 90 милиони евра
-
30 дневен притвор за сопственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“