Годишна конференција „Форум Еуропаеум“ на ЕПИ
Институтот за европска политика денеска во Скопје ќе ја одржи годишната конференција Форум Еуропаеум 2017 на тема „Приказната за европската интеграција на Македонија 2.0 - преиспитување на очекувањата, реалноста и можностите“.
- Целта на конференцијата е да поттикне отворена и конструктивна дискусија помеѓу институционалните и вонинституционалните чинители за моменталната политичка ситуација во Македонија, наведуваат од Институтот.
Според организаторите, на форумот ќе се обратат членови на Советот на ЕПИ како и гости од земјата и странство. Меѓу најавените говорници се вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска, поранешниот шеф на допломатијата и пратеник и актуелен претседател на Националниот совет за евроинтегрции Никола Попоски, Антоанета Димитрова вонреден професор од Универзитетот во Лајден, Адам Феган од Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон, Јулијана Николова од Центарот за модернизација на политики, Софија и Тобиас Флесенкемпер, виш научен соработник и директор на одделот за проекти на Балканот во европскиот институт ЦИФЕ, Ница.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава