Македонија
24. April 2017 - 9:15

Годишен состанок за набљудување на судски постапки

Од денеска до среда во Скопје ќе се одржи годишниот состанок за следење на судски процеси организиран од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Правници од седум мисии на ОБСЕ и претставници на 29 невладини организации од регионот на ОБСЕ ќе разменат искуства и ќе дискутираат за предизвиците поврзани со следењето на високо профилирани судски предмети и предмети во кои се инволвирани ранливи групи како што се малолетници и етнички малцинства.