Годишен шопинг на сметка на Веро за најсреќниот потрошувач
Веро ја заокружува годината со голема зимска наградна игра во која најсреќниот потрошувач во Веро маркетите ќе освои ваучер од 350.000 денари. Наградната игра почнува денеска (15 ноември), ќе трае до 29 декември и е наменета за потрошувачите во сите 14 Веро маркети низ земјава.
Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни потрошувачи во Веро маркетите кои направиле сметка од над 300 денари од означените промотивни производи. За секоја таква сметка тие добиваат купон за учество во наградната игра, а пополнетите купони треба да ги оставаат во означените кутии поставени во сите Веро маркети. Купоните учествуваат во неделните извлекувања на награди кои ќе се одржуваат секоја сабота во Веро центар и на кои ќе се доделуваат по пет вредносни ваучери од по 10.000 денари, 5.000 денари и 3.000 денари, три ваучери од по 15.000 денари, како и по еден ваучер во вредност од 30.000 денари.
Сите пристигнати купони ќе учествуваат во извлекувањето на главната награда, вредносен ваучер за пазарување во Веро во износ од 350.000 денари. Главното извлекување е закажано за 30 декември, кога ќе го дознаеме среќниот добитник во големата награда. Имињата на добитниците на награди во неделните извлекувања, како и името на добитникот на главната награда, ќе бидат објавени на профилите на социјалните мрежи на Веро маркети, а информации за добитниците може да се добијат и во самите маркети.
Пазарувајте во Веро и освојте годишен шопинг на наша сметка. Веро им посакува многу среќа на сите учесници во наградната игра.
Ново на Сител
-

Трамп: Наскоро доаѓаат добри вести за завршување на војната во Украина
-

Променливо облачно, температурата до 11 степени
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
