Годишен преглед за работата на ЕК: Ова е Комисија која останува доследна на зборот и испорачува
Пред една година, ЕУ се соочи со еден од најголемите предизвици досега – со војна што беснее на нашиот континент и првпат досега една соседна земја беше нападната поради нејзината желба да се приклучи на нашата Унија, се наведува во воведот на прегледот за работата и постигнувањата не Европската комисија во текот на изминатата година, објавен денеска во пресрет на годишното обраќање за „Состојбата на Унијата“ на претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лајен пред Европскиот парламент в среда.
– Русија се обиде да нè уценува со енергија, а Европа беше на работ на криза со фосилните горива. Не знаевме дали нашите резерви на гас ќе бидат доволни за зимата.
Но, ние длабоко во нашите срца знаевме дека не можеме да се откажеме од нашите украински пријатели, кои се борат за својата слобода.
Требаше брзо да ја прекинеме нашата зависност од руските фосилни горива, со диверзификација и забрзување на транзицијата кон чиста енергија. И го направивме тоа, заедно.
Не затоа што беше лесно, туку затоа што беше вистинската работа, се наведува во документот.
Во прегледот се посочува дека ваквите определби го одразуваат „духот на Европската комисија на претседателката Урсула фон дер Лајен“.
– Од 2019 година, Европејците издржаа глобална пандемија, издржаа енергетска криза и примија во своите домови најголемиот број раселени луѓе по Втората светска војна.
И покрај таквите неволји, ние никогаш не се поколебавме во нашата заложба за Европскиот зелен договор, дигиталните иновации насочени кон човекот и социјалната правичност.
Ова е Комисија која останува доследна на зборот и испорачува, се нагласува во извештајот.
Во документот се наведува дека и Северна Македонија, заедно со 27-те земјите членки на ЕУ, Исланд, Норвешка, Србија и Турција преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, учествуваше во обезбедувањето над 94.
000 тони помош за Украина, чија вредност се проценува на над 760 милиони евра.
Прегледот ги опишува активностите на ЕУ како одговор на руската агресија врз Украина, напорите за намалување на енергетската зависност од Русија, постигнувањата во однос на другите политички приоритети на Комисијата и заложбите за зајакнување на просперитетот и отпорноста на Унијата преку спроведување на проектите „СледнаГенерацијаЕУ“ и „РеПауерЕУ“ и за имплементација на Европскиот зелен договор и на програмата Европска дигитална декада.
Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, документот содржи и преглед на ангажманите на ЕУ со нејзините партнери ширум светот, особено оние посветени на трговската агенда, како и на иницијативите насочени кон зајакнување на „столбовите на европската демократија и изградбата на Унија на рамноправност“.
– Граѓаните на ЕУ не само што ја вратија довербата во издржливоста, агилноста и визијата на нашата Унија, туку и ние Европејците излеговме посилни и пообединети, се наведува во прегледот.
Ново на Сител
-
Канада најави царини за одредени американски производи
-
Бербок: Резултатите од преговорите на Украина и САД би можеле да бидат важна пресвртница за траен мир и безбедност
-
Тепачка помеѓу лекари во операциона сала во Штип
-
Сиљановска Давкова: Ќе ни значи многу договор за соработка со Азербејџан, очекувањата се големи
-
Совет на ЈО: Со вчерашниот оглас на Судски совет не се почитуваат проекциите за 8-та генерации на Академијата за судии и јавни обвинители
-
Поставен камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“
-
Разбиени две криминални групи во Грција за измами со гориво на бензински пумпи
-
Вкупно 827 казни за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден