Годишен фолклорен концерт на КУЗ „Фолклористи“
Над двесте млади играорци од Крива Паланка и Бор, Република Србија, синоќа настапија на сцената во Центарот за култура во Крива Паланка на годишниот концерт на културно-уметничкото здружение „Фолклористи“.
Деведесетминутната програма беше исполнета со ора, танци и музика од источна Македонија во изведба на членовите на КУЗ „Фолклористи“ и КУД „8 Октомври“, гости на вечерта од Крива Паланка, а КУД „Новоселиште“ од Бор се претстави со игрите од Шумадија.
- Ова е четврта година по ред како го организираме годишниот концерт на кој се претставија седум групи и првиот ансабл. Настапија над 150 дечиња од разни возрасти кои ги претставија тардиционалниот, но и стилизираниот фолклор. Се играа детски кореографии, „Девојче, девојче“, „Повардарие“, „Бувчанско оро“, изјави Васе Стаменковски, престедател на „Фолклористи“.
Гостите од КУД „Новоселиште“ настапија со „Игри од Мачва“, „Влашко оро“ од источна Србија, „Шумадиски игри“ и обработка на „Зораново оро“ од Љубиша Павковиќ.
Концертот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Голем број прилепчани со замастен црн дроб поради нездрава храна и прекумерен алкохол
-
Преглед на вестите од светот
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи