Годинава од гостиварско на аџилак ќе тргнат 217 лица
Гостиварската муфтинија ги привршува подготовките за овогодинешното заминување на аџилак. Во организација на Исламската верска заедница (ИВЗ) од Гостивар и околината на ходочастието ќе одат 217 лица.
Идните аџии, деновиве привршуваат со обврските меѓу кои е и задолжителното вакцинирање.
- Освен вакцините и превентивата против заразни болести кои ги има во земјите во кои ќе престојуваат, лицата ќе добијат и напатствија и препораки како да си го сочуваат здравјето. Аџиите ги информираме и на обврската по враќањето да се јават на задолжителните контроли. Здравствениот надзор го вршиме на колера кој трае 5 дена, како и мерс корона вирусот, две недели, вели прим. д-р Воислав Огњаноски, раководител на епидемиолошкото одделение на Центарот за јавно здравје Гостивар.
Тргнувањето е закажано за 26 август, а идните аџии во наредните дваесетина денови ќе посетат повеќе свети места за муслиманите, како Мека и Медина. На патот, тие ќе бидат придружувани од лекари и теолози. Втора година по ред, на аџилак од Македонија се оди единствено преку ИВЗ, која ги обезбедува сите документи за виза, престој и авионски билети, информираат од гостиварската муфтинија.
Ново на Сител
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Како во едно големо семејство се одвива рехабилитацијата на повредените на Пониква
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Вработените во јавниот сектор ќе примаат подароци до 50 евра, без да се сметаат за мито
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Трамп - И Израел и Иран не го почитуваат примирјето
-
Мајка и три деца попладнево со авион ќе бидат евакуирани од Тел Авив во Атина
-
Почна дводневниот самит на НАТО