Годинава најмногу приговори за екстерното тестирање
2.855 приговори, најмногу досега се поднесени за екстерното тестирање. Изминатите 3 години, во просек се поднесуваа по 400-тина. Државниот испитен центар прифати 17 проценти од нив или околу 480. Делумно прифатени се 26 отсто.
Најголем дел од приговорите се за математика, македонски, информатика и билологија. Корекциите пред се биле од технички карактер.
-Најголем дел од приговорите се однесуваа за техничкиот дек на прашањата. Таквите прашања се корегирани или избришани од базата, вели Емилија Угриновска од ДИЦ.
Повеќе од 50 проценти од приговорите се неосновани. Од ДИЦ велат за големиот број на приговори заслужни се училишните комисии кои не си ја завршиле работата и не селектирале колку од нив се поднесени без образложение.
-Забележителен е поголем број на приговори од ученици кои им е потребен по еден бод за поголема оценка, или е тоа за 2 или за петка. Најчесто приговорите гласеа, ве молам да ми го проверите тестот, затоа што сметам дека заслужувам повеќе, изјави Емилија Угриновска.
Приговорите го одложија и земањето на сведителстава за ученците. Дел од училиштата овој документ ќе го поделат во август.
-
Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар