Гоце Ристовски добитник на наградата „Ergo sum“
Македонскиот писател, новинар, литературен и театарски критичар и декан на Факултетот за театарски уметности ЕФТТА Скопје-Париз-Есен-Ротердам Гоц
Наградата му се доделува за серија текстови објавени во театарската периодика и трудови презентирани на повеќе меѓународни научни симпозиуми. Наградата ќе му биде врачена денеска на пладне на Меѓународниот саем на книгата во Скопје со пригодна свеченост на штандот на книгоиздателството „Феникс“.
Бесада за лауреатот ќе одржи и наградата ќе му ја врачи м-р Трајче Кацаров, главен уредник на списанието за уметност „Сум“ што традиционално ја доделува наградата.
- Редакцијата на списанието „Сум“ поаѓајќи од фактот дека во последните години се помалку му се приоѓа на театарот од теоретски аспект со наградата сака да ги поттикне познавачите на театарската уметност: драматурзите, театарските критичари и театролозите да дадат свој придонес во афирмацијата и популаризацијата на театарскиот израз, т.е на сценската реалност, се вели во образложението на редакцијата.
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија