Го удри двоспратен автобус, тој стана, ја истресе прашината и влезе во паб на пиво
Надзорната камера во англискиот град Рединг сними застраѓувачки момент кога автобус удри маж додека се движеше по тротоарот, по што тој мирно стана и влезе во паб.
Сајмон Смит (53) поминувал улица во саботата наутро кога одеднаш на него налета автобус над кој возачот изгубил контрола во кривината. Возилото прво удри во бандера, а потоа во Смит.
Автобусот потоа запре десетина метри подолу..
Смит имаше неверојатна среќа што избегна потешки повреди, и веднаш по ударот стана и влезе во паб. Се уште не е познато зошто возачот изгубил контрола над автобусот.
Смит за би Би Си рече дека е среќен што останал жив и изненаден што поминал само со мали повреди.
Сопственикот на пабот Даниел Фрифелд (50) го опиша тој настан. „Се сеќавам дека Сајмон стана, ја истресе прашината, а потоа дојде итна помош и го одведе на преглед. Немаше никакви сериозни пвореди, но имаше модрици и гребаници. Мислам дека влезе во пабот на пиво за да се опушти малку“.
Ново на Сител
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров