Го удри автомобилот на Аца Лукас, а неговиот гест ќе ве воодушеви

Аца Лукас вчера попладне имал судир на кружниот ток на Славија. Фолк пејачот не сакал да ја терети девојката која наводно, го предизвикала судирот, ниту да и бара да му плати за гребнатинката на неговиот автомобил. Најважно му било сите да се добро и набрзина поразговарал со полицијата бидејќи брзал поради работните обврски, дознава српски Курир.
Кога новинарот на српскиот Курир му се јавил за да го праша за судирот, фолкерот се изнервирал што толку брзо медиумите ја дознале информацијата, а особено кога му соопштиле дека имаат фотографии од местото на несреќата.
– Ма малку ме закачи детето, тоа не е ништо. Ма ајде не ме малтретирајте. Ме удри девојче. Ја пуштив да си оди и не сакав ништо да и земам. Зошто таа да ми плаќа? Не сте нормални. Не ми се пушта телевизор и не ми се чита ни весници. Ќе се иселам од земјава, жими мајка. Нормално ќе зборувам кога би ме повикале за да зборувам за нешто нормално, на пример кога ќе имам нова песна и така натаму, луто искоментирал пејачот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
