Го убила соседот педофил, бидејќи бил во близина на нејзините деца

По најновите обвиненија на негова сметка, Сендс била бесна на Плистед, кој бил условно ослободен и се вратил во зградата во која таа живеела со децата.
Десет дена по судењето поради злоставување на деца, таа земала нож и во "напад на бес" го убила Плистед во неговиот стан.
Поротата ја ослободила од вината за убиство со предумисла, но била осудена за убиство од небрежност, по основа на "губење на контрола над сопственото однесување".
Судијата Николас Кук изјавил дека станува збор за "навистина посебен случај", и ѝ ја намалил казната од седум на три и пол години, земајќи ја во предвид положбата во која се наоѓа како самохрана мајка.
Тој рекол дека нејзините деца, поради фактот дека е таа во притвор, живеат во услови кои потсетуваат на романите на Чарлс Дикенс.
"Земајќи го тоа во предвид, но и свесен дека милоста мора да биде ограничена во случаи кога на некого му е одземен животот, ја намалувам казната на три и пол години затвор", рекол тој.
Објаснувајќи ја одлуката да ја намали казната, судијата рекол:
"Ова е случај во кој обвинетата веднаш се пријавила во полиција во состојба на вознемиреност, никогаш не ја негирала одговорноста за убиството, ниту пак се обидела да се ослободи од доказите, при што покажала каење".
Ново на Сител
-
Охрид доби уште една шанса од УНЕСКО, Мицкоски најави рушење на дивоградбите
-
Девојчето чиј татко ја врза за вратот и рацете е згрижено во установа, мајката не сакала да се грижи за него
-
Преглед на вестите од светот
-
6 лица примени во болница по вчерашните пожари
-
ВМРО-ДПМНЕ: Целта на Бугарија е бришење на јазикот и идентитетот
-
Димитриевски: Сакаме во ЕУ но како Македонци
-
Јавниот линиски општински превоз се поатрактивен за штипјани
-
Преглед на вестите од светот