Живот
15. September 2015 - 13:53

Го тепале, го измачувале, но не можеле да го убијат поради неговата верба во Бога

Рускиот војник Александар Воронцов поминал 5 години во јама во Чеченија. Саша бил пет години во чеченско заробеништво, две години не го хранеле, вежбале на него техника на борба гради во гради, неколку пати го стрелале пукајќи директно во него, но не можеле да го убијат!

1995 година, првата чеченска војна. Јас, потполковник Антоние Маљшин, бев командант на јуришната група, а соседната јуришна група го доби името по херојот на Русија, Артур, мој другар кој загина во битката за Грозни, покривајќи го со своето тело телото на ранет војник. Војникот преживеа, а тој загина имајќи рани од 25 куршуми. Во март 1995 година јуришната група Артур која броеше 30 борци, извршуваше наредби блокирајќи ги нападите на Чеченските милитантни групи во Веденската клисура. Таму постои едно место Ханцелак кое во превод од чеченски значи мртва клисура. Таму нашата група ја чекаше заседа.

Заседа – тоа е сигурна смрт: На тебе постојано пукаат од височина. Група која паѓа во заседа преживува максимум 20-25 минути, а потоа на местото настанува нивната братска гробница. Преку радио станицата побараа огнена поддршка од воздух, а мојата јуришна група веднаш беше пратена на помош. Таму стигнавме за 15 минути. Хеликоптерите ја неутрализираа огнената позиција на брдата над нас и на наше големо изненадување групата речиси во потполност беше спасена. Недостасуваше само Саша Воронцов.

Тој беше снајперист и седеше во возило, а со експлозија беше отфрлен во долина 40-50 метри подолу. Почнаа да го бараат, но не го најдоа. Почна да се стемнува. Пронајдена е крв на карпите, но него го немаше. Се случи најлошото, тој беше заробен од Чеченците.

Оформен е тим за истрага и спасување, го бараа три дена по планините, навечер влегуваа дури и во села контролирани од непријателот, но Саша не беше пронајден. Отпишан е како исчезнато лице и предложен за орден на храброста. И замислете поминуваат пет години. Во почетокот на 2000-тите, напад на селото Шатоја. Во Аргунската клисура во Шатојскиот регион има населен пункт Итум – Кале. Во текот на блокадата на пунктот мирните жители нас не известија дека кај нив во темница веќе пет години во јама лежи еден наш припадник на специјалните сили.

Морам да кажам дека еден ден во чеченско заробеништво е пекол, а не пак пет години! Ние веднаш се упативме таму, веќе се стемнуваше. Фаровите од колите  ја осветлија околината и забележавме дупка која беше три на три метри длабока 7 метри. Кога погледнавме внатре имаше жив човек. Човекот се тетерави, паѓа на колена, а јас по очите го препознав дека тоа е Саша Воронцов, пет години не го видов, но го познав. Забраден, камуфлажната униформа му се распаѓаше, завиен во вреќа со дупка за рацете да може да ги грее. Во таа јама вршел нужда и живеел, спиел, а два пати неделно го изнесувале да работи, да копа чеченски скривалишта. На него Чечените вежбале и се обучувале, за борби гради в гради со ножеви.

Тие се обидувале со нож да го прободат в срце, а тој се обидувал со голи раце да се одбрани. Во нашите специјални единици момците се добро обучени, но тој бил измачен, не можел да им пружи отпор, ги промашувал, така што рацете му беа исечени. Тој падна пред нас на колена, не можеше да говори, плачеше и се смееше. А потоа изговори: „Момци, ве чекав пет години, драги мои“. Ние го земавме на раце, го загреавме, го облековме. Тој потоа ни раскажа што се случувало со него во текот на петте години.

Бевме тука со него една недела, храната беше богата и разновидна, но тој парче леб јадеше со часови, полека јадеше. Неговите вкусови атрофирале за пет години. Ми рече дека две години воопшто не го хранеле.

Прашувам: „Како преживеа?“, а тој вели: „Можете ли да замислите командире, го бакнував крстот, се молев, јадев глина. На зима јадев снег“. „Па како?“, прашувам. А тој вели: „Знаете тие глинени топчиња ми беа послатки од домашна пита. Благословените топчиња од снег беа послатки од мед“.

Пет пати го стрелале на Велигден. Да не побегне, му ги пресекле тетивите на нозете, не можел да стои. Го ставале на работ на карпи, тој клечел, а на 15- 20 метри од него стоеле неколку луѓе со автомати подготвени да пукаат.

aleksandar-1.jpg-500

Велат: „Моли се на својот Бог, ако Бог постои, тој ќе те спаси“. И тој се молел, уште ми е во ушите таа молитва. „Господе Исусе, мој надраг, Христосе мој преубав, ако Ти е по срце, јас ќе поживеам уште малку. Затвора очи“. Затвора очи и се крсти. Тие го притискаат чкрапалото, но нема пукање. И така два пати, нема пукање. Повторно репетираат, нема пукање. Менуваат шаржери, повторно ништо, менуваат автомати, ништо.

Приоѓаат и велат: „Има крст“. Не можат да го стрелаат бидејќи има крст. А тој вели: „Не го ставив јас тој крст, туку свештеникот на крштевање ми го дал, нема да го извадам“. Тие ги пружаат рацете да го откинат крстот, а на половина метри од мене Светиот дух ги обвива, тие паѓаат на колена и на земја.

Го тепале со кундаците од автоматите и го фрлиле во јама, но не можеле да го убијат, само му предизвикале исеченици.

И така е тоа во животот. Мојот последен командир, херојот на Русија Шадрин рекол: „Животот е чудна и преубава работа“.

Во Саша се заљубила чеченска девојка, од него многу помлада. Имала 16 години. Таа три години му носела козјо млеко. Родителите ја фатиле на дело, ја претепале речиси до смрт, и ја заврзувале во тесна соба. Нејзиното име е Ассел.

aleksandar-2.jpg-500

„Бев во таа тесна соба, таму е многу ладно, дури и во летните месеци, има мали прозорци и заклучена врата со катанци. Ја врзуваа, но таа успеваше навечер, да излезе низ прозорецот, да ја измолзе козата и да донесе млеко“.

Ассел ја понесе со себе. Таа се крстила и сега се вика Ана, се венчаа и имаат две деца, Кирил и Маша. Прекрасно семејство. Се сретнавме во Псков – Пештерски манастир. Се прегрнавме, плачевме и двајцата. Тој се ми раскажа. Сакав да го однесам кај старецот Адриан. Народот не го пушташе, а јас им велам: „Браќа и сестри, тоа е мојот војник. Тој во Чеченија помина пет години во јама. Пуштете го по милоста Христова“. А тие рекоа: „Оди сине.“ Поминаа 40 минути. Саша излезе со насмевка на лицето од кај старецот Адриан и вели: „На ништо не се сеќавам, како да разговарав со сонцето“. А во дланката имаше клуч од куќа. Свештеникот им дал клуч од куќа на една стара монахиња, која и припаѓала на манастирот.

И најважната работа која ми ја кажа Саша на разделбата е она што ми го кажа кога го прашав како го преживеал сето тоа. „Јас поминав толку години во јама и толку плачев што сета глина под мене беше мокра од солзи. Гледав во ѕвезденото небо и барав спас од мојот Спасител. Плачев како дете, го барав својот Бог и на тој начин својот живот и душа ги препуштив во негови раце и на милоста божја“, рекол Александар.