Го славел со девојката купувањето на новиот автомобил и загинал

Зоран В. (30) загина, додека неговата девојка (19) е тешко повредена кога автомобилотот БМВ излетал од патот кај Угриновци.
Несреќата се случила кога Зоран и девојката се враќале од кафеана каде го прославувале купувањето на новиот автомобил.
Се претпоставува дека причина за несреќата е неприлагодената брзина, а обдукцијата ќе покаже дали возачот бил под дејство на алкохол.
Двајцата пријатели кои со Зоран го прославувале купувањето на автомобилот во моментот на несреќата се возела за загинатиот и неговата девојка.
Тие биле во „ауди“ кое исто така било во сопственоста на покојниот.
Возачот и совозачот од „аудито“ биле под дејство на алкохол.
Несреќата се случила утрово околу 3 часот кај Добановачката клучка.
Сообраќајката се случила кога автомобилот поради неприлагодена брзина излетал од патот.
Повредената девојка е префрлена во Клиничкиот центар во Земун, а по увидот на полицијата сообраќајот на таа делница е нормализиран.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-Транс
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
