-->
-->
Го „продаде“ облогот за 72 000 фунти
-->
Анонимен навивач на фудбалскиот клуб Лестер, кој пред почетокот на сезоната во Премиерлигата, во обложувалница вложил 50 фунти дека тимот за кој навива ќе стане шампион, го прифатил предлогот на обложувалницата да добие пари и да се откаже од облогот.
Пред почетокот на сезоната квотата дека Лестер ќе стане шампион изнесувала 5.000-1, што значи на вложена една фунта заработката е 5.000 фунти. Навивач на Лестер на оваа квота вложил 50 фунти, а како Лестер ита кон првата титула во историјата на клубот, од обложувалницата му предложиле веднаш да му исплатат 72.000 фунти, а тој да се откаже од облогот.
Навивачот ја прифатил понудата минатата сабота, пред одигрувањето на мечот Вотфорд-Лестер (0-1) по кој тимот на Клаудио Раниери ја зголеми предноста на врвот на пет бода во однос на Тотенхем.
„Воодушевен сум. Откако во утрото во саботата ги прочитав весниците, заклучив дека е време да ги земам парите, нема причина да лакомам“, изјавил добитникот, кој најавил дека најпрвин ќе ги врати долговите кои ги има, а потоа ќе замине на одмор во Шпанија.
Инаку, од обложувалниците, објавиле дека доколку навивачот не ја прифател понудата, по саботните резултати би ја зголемиле сумата на 91.000 фунти.
Доколку чекаше да заврши првенството и Лестер ја освоеше титулата во Премиерлигата, анонимниот навивач ќе заработеше 250.000 фунти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од село Милетино
-
Турските власти приведоа повеќе од 100 лица на Меѓународниот ден на жената
-
Вучиќ: Опозицијата мисли дека сабота е ден Д, верувам дека студентите во блокада се попаметни
-
Обвинение за обид за убиство
-
Киев: Русите се обидоа да упаднат во градот Курск преку гасовод
-
Ѓоковиќ поразен во второто коло на Индијан Велс
-
Украинските сили извршиле напади со дронови на руска територија
-
Уапсен мажот што се качи на Биг Бен во Лондон и вееше палестинско знаме