ОН го повикаа Иран да ги ослободат приведените мирни демонстранти
Канцеларијата на Обединети нации за човекови права побара од иранската Влада веднаш да ги ослободи илјадниците приведени демонстранти поради учество во мирни протести.
Портпаролот на канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, Џереми Лоренс истакна дека бара да се отфрлат сите обвиненија против демонстрантите.
Тој изрази загриженост дека најмалку десет демонстранти би можеле да бидат обвинети за злосторства што предвидуваат смртна казна, вклучително и еден кој бил прогласен за виновен поради оштетување на јавен имот. Дела за кои е предвидена смртна казна во Иран се „водење војна против Бога“, корупција и оштетување на јавен имот.
-Наместо да отворат простор за дијалог околу легитимните поплаки, властите на протестите без преседан одговараат со зголемена бруталност, посочи Лоренс на прес-конференција во Женева.
Додека Германија и Исланд бараат Советот за човекови права да формира специјална мисија за утврдување на фактите, што би била составена од тим независни експерти за човекови права, која би требало да го испита кршењето на човековите права во Иран за време на протестите.
Демонстрациите поради смртта на 22-годишната Махсе Амини почнаа на 16 септември.
Советот за човекови права составен од претставниците на 47 земји-членки, треба да одржи специјална седница на 24 ноември на која ќе се разговара за ситуацијата во Иран и ќе гласа за предлогот кој вклучува повик за мисија за утврдување факти.
Ново на Сител
-
Експерти: Со стартот на кампањата ќе се интензивира негативната реторика
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Генерално собрание на ОН во Њујорк
-
МАТТО го реконструира основното училиште со ресурсниот центар „Иднина“
-
Две години условна казна затвор за онкологот Пешевска која призна вина
-
Седумгодишно девојче од Челопек почина во тетовската болница
-
Не работи пералната на Клинички – Алиу ќе ја враќа во владение на државата
-
„Амбикон“ го објави извештајот за загадувањето на воздухот во Трубарево: Податоците се неспоредливи со претходни параметри