-->
-->
Го покажала телото во костим за капење кој го „запали интернетот“-Кога ќе го видите, ќе ви стане јасно и зошто
-->

Насловната страна на списанието „Sports Illustrated“ ја красеше плус сајз манекенката Хантер Мекгрејди, во костим за капење.
Но, тоа е многу подалеку од обичен костим за капење.
Се работи за боја за тело, а не за ткаенина.
„Имам вишок килограми помеѓу колковите и стомакот и тоа е сосема во ред. Имам и на грбот, а и тоа е во ред. Поради тоа не сумпомалкуубава. Ова е многу повеќе од убава фотографија, бидејќи поттикнува конверзација за вистинската убавина.“-напишала манекенката под фотографијата.
Сликањето врз нејзиното тело траело 12 часа, па Хантер во еден момент и заспала.
Оваа манекенка предизвика жестоки расправии на Инстаграм поради фотографиите.
А, таа само порача:
„Сакам само да ви кажам дека никогаш не можете сите да ги задоволите. Луѓето секогаш ќе зборуваат дека нешто треба да промените на теото. Но, кога ќе размислите, ќе сфатите колку е ужасен фактот дека некој си дава за право да го коментира вашето тело. Од каде право на тоа?За секој кој има да каже нешто лошо на сметка на величината на нечие тело, може само да кажам дека плус сајз модата пристигна и не планира да си оди. Јас ќе се погрижам за тоа.“-вели Хантер.


-->
-->
-->
Ново на Сител
-
69-годишник од гостиварско излетал од патот со автомобил и починал на лице место
-
Кривична за управител на угостителски објект, ја тргнал налепницата и пломбата поставена од Државен пазарен инспекторат
-
Најскапиот стан во Центар продаден за 280 000 евра
-
Јаневска и Андоновски на средба со Захариева: Македонија се фокусира на науката и иновации и добива зголемена поддршка од програмите на ЕУ
-
Левица: Два дена по избори - тони ѓубре во Ново Лисиче
-
Кривична за лихвар од Прилеп, наплатувал три пати поголем износ од позајмената сума
-
УЈП: Навремено да се поднесати ДДВ-04 пријавите и да се плати даночниот долг за третиот квартал од 2025 година
-
19-годишник од Скопје паднал со мотицикл и тешко се повредил