Живот
30. August 2017 - 15:51

Го одбиле за 400 работни места, а потоа отфрлил еден податок од неговото “CV” и веднаш добил работа

27-годишниот Дерил Џонс веднаш откако дипломирал на Универзитетот во Хал започнал да бара работа, но тој тврди дека не добил одговор од ниту една компанија се додека од своето CV не ја отфрлил информацијата дека е лице со инвалидитет. Тој боледува од Марфанов синдром.
 
– Мојот другар аплицираше за слични работи како и јас. Имаше исто искуство како и јас, но тој постојано добиваше работа, а мене ми викаа дека немам доволно искуство – вели Џонс.
– Дури откако го тргнав податокот за мојот хендикеп од “Cv-то”, тогаш компаниите започнаа да ми одговараат- продолжува Дерил.
 
– Не можам да работам физички работи, но канцелариски можам, администрација на пример. А аплицирав за се – тврди Џонс.
 
Оваа приказна ја потресе цела Британија.