Џет-Сет
17. April 2016 - 12:25

Го фати сопругот на дело: По бурата во животот актерката конечно се омажи, а сега...

Џенифер Анистон важи за една од најубавите и најуспешни актерки во Холивуд, но и покрај професионалниот успех и сексипилот, изгледа нема среќа во љубовта. Убавата актерка беше долги години со Бред Пит кој ја остави поради Анџелина Џоли со која сега се во брак, а откако конечно Џенифер застана на нозе и почна да верува во љубовта повторно, доживеа уште еден бродолом.

Иако се чинеше дека и цветаат рози во бракот со актерот Џастин, Анистон го фатила на дело. Тој ја изневерил со својата поранешна девојка. 

Некој постојано му ѕвонел на телефон, а тој и велел дека е негов пријател. Кога Џенифер се јавила на бројот слушнала женски глас.

Ако се покажат овие шпекулации како точни, актерката ќе помине низ уште еден тежок период.