Македонија
26. January 2024 - 9:45

Го фати крстот на Водици во Крива Паланка па поклонот го донираше на лице со Даунов синдром

Празникот Богојавление Водици во Крива Паланка помина во знакот на Наум Поцев, кој освен што прв стигна до Крстот, со својата хуманост даде дополнително значење на целата приказна. Имено телевизорот кој го доби како награда од општината реши да го донира на Игор Младеновски, лице со Даунов синдром. Само ден по донацијата решивме заедно со Наум да го посетиме Игор за да видиме дали тој и неговата мајка која е и самохран родител може да гледаат телевизија.

Игор е пресреќен што може во својот дом да гледа телевизија, а освен што е благодарен за донацијата на Наум сега е среќен што има и уште еден пријател со кој може да се дружи. 

Така денес Игор ужива во своето слободно време гледајќи телевизија.

А се договирвме и да гледа утринска програма на Сител. 

Јунакот на овогoдинешниот Водици во Крива Паланка Наум вели дека донацијата е направена од срце, а дека Игор и неговата мајка се избрани неслучаjно, туку напротив затоа што нив им било најпотребно. Се надева дека ваквиот гест ќе стане пракса во сите градови.

Освен што Наум следна година повторно ќе се обиде да го фати крстот и дека повторно ќе донира доколку успеа да стигне прв, следна година ќе има уште еден учесник а тоа е токму Игор. 

По средечната средба со Игор, кога се уверивме дека телевизорот е навистина на вистинското место, го посетивме и градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски кој е горд на оваа пракса која полека станува традиција во Крива Паланка. А задоволен е и од целокупната организацја за време на јануарските празници.

Од Крива Паланка заминавме со позитивна енергија која на нас ја пренесе Игор, надевајќи се дека следната година ќе постојат повеќе луѓе како Наум Поцев и со својата хуманост ќе изнудат насмевка на многу лица.

 

 

Кирил Стојанов