Го брукаат и плукаат, а тој е на работ од егистенција
Некои од нас непромислено, започнуваат со резил, потсмев и навреда, но не ја знаат болката и не размислуваат која е причината зашто сето тоа се случува.
На „Женски домаќински муабети" една од госпоѓите ја реобјавила сликата од човекот кој беше исмејуван бидејќи трпеза му е гепекот, и тенџерето со манџа за да се прехрани, не размислувајќи зошто го направил тој тоа, дали зошто нема поинаков начи и низ што поминува во животот, дали живее или преживува и се труди да обезбеди за домашните колку што може.
Нападна со јавен резил и понижување, само зошто можеби бедотијата му чука на портите, можеби декој денар го троши за школување на детето за да не дочека иста судбина како него. Ало луѓе пред да осудите размислете како му е на човекот, пред да брукате и плукате, ставете прст на чело запрашајте се дали тој го посакал ова.
Постот на дамата која го сподели ова и која напиша опис на сликата од кои сите ќе се засрамат е следниов:
„Го исмејуваа човеков на Фејсбук. Сеир си гледаа. Се газеа од смеење до солзи. Јас само што ја погледнав сликата, замрев. Тага. Колку многу моќна порака испраќа. Треба да си малку, само малку човек одвнатре, за да ја прочиташ. Свест. За државата во која што живееш. И очи. Да го видиш такси возилото. Чевлите. Облеката. Гепекот. Тенџерето. Столчето на сред улица. „Софрата". Само тоа ти треба да разликуваш аздис од зорт. И тогаш ќе видиш, како пред очи ќе ти излезат софрите на нашите политичари со лососите, срните и коњските стекови, ќе почувствуваш колку многу баздат, па ќе ти се слоши. И нешто ситно од господ под черепот ќе ти треба на крајот, за да ја видиш цела Македонија на една единствена слика... разголена, во сета нејзина бедотија,
Му го сокрив лицето на човекот и бројот на возилото... во лице му се смееја. Сиромаштијата, простете, ама не можев... Само човек може да ѝ погледне во очи."
Ново на Сител
-

Приведени три лица во Гостивар, пронајдена дрога во возило кое било нерегистрирано | ФОТО
-

Полска затвори два аеродрома поради руските напади врз Украина
-

Трамп: Се водат многу добри разговори за Украина, нешто може да се случи
-

Зеленски: Русија ја нападна Украина со 400 дронови и 40 ракети
-

Трамп ги укинува дополнителните тарифи за Индија по договорот за руска нафта
-

ЗОИ 2026: Швајцарскиот женски хокеарски тим изолиран поради норовирус
-

Најмногу врнежи во Kрушево, на Попова Шапка 55 сантиметри снег
-

Македонските спортисти продефилираа на свеченото отворање на ЗОИ 2026
