Гневни Индијци линчувале силувачи

Околу илјада гневни луѓе упаднале во полициска станица во Индија од каде извлекле двајца осомничени за силување и убиство на петгодишно девојче и ги линчувале.
Еден полицаец изјави дека при упадот се повредени 15 полицајци. Тој наведе дека гневните луѓе прво барале од полицијата да им ги предаде осомничените, но откако полицијата го одбила барањето, тие упаднале и ги извлекле од притвор, а потоа ги линчувале.
Силување девојки, па дури и мали деца во Индија е честа појава. Неколку исклучително брутални случаи на силување бебиња и мали девојчиња неодамна ја потресоа индиската, но и светската јавност. Многу од тие злосторства се случиле и во главниот град Њу Делхи.
Досега се одржани десетина протести на кои се бараше нешто конкретно да се случи по ова прашање, се апелираше на разни страни, но индиските политичари засега не успеваат да им застанат на патот на овие страшни злосторства.
Ново на Сител
-

Шекеринска: Со компромис и нудење решенија - побрзо до ЕУ
-

Извештај на ЕК: За Кос се зависи од Македонија
-

Тема на денот со Радмила Шекеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-

Преглед на вестите од светот
-

Извештај на ЕК: За Кос се зависи од Македонија
-

Научната заедница: Бугарија ќе продолжи со блокадите и по уставните измени
-

Алта Банка утре ги отвора вратите во главната филијала во Битола, но само за исплата
-

Трагедија во Богданци, две лица пронајдени мртви, едното во опожарен автомобил
