-->
-->
ГН Кина: И трета победа за Розберг
-->
Продолжува доминацијата на Нико Розберг кој со својот Мерцедес во третата трка на ГН на Кина ја забележа и третата победа со што ја зголеми предноста на чело на генералниот пласман кај возачите. Интересно е што
Германецот ја нанижа 6. победа во серија заклучно со финишот од лани.
Розберг доминираше на трката откако го презеде водството веднаш по стартот, возеше тактички мудро и на крајот успеа да заврши со голема предност. За второто место се избори пилотот на Ферари, Себастијан Фетел, кој иако имаше многу проблеми на стартот и поради коализија со неколку болиди, меѓу кои и на својот тимски колега Кими Раиконен, падна до десеттата позиција, за да во финишот избере вистинската стратегија и повторно се најде на подиум сезонава. Даниел Квјат исто така избра добар начин за да стигне до успех и заслужено освои место на подиумот. Рускиот пилот од тимот на Ред Бул го остави зад себе својот тимски колега Даниел Рикардо. Кими Раиконен кој стартуваше од последната позиција заврши петти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“