-->
-->
ГН Италија: Пол позиција за Хамилтон
-->

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес, по трет пат по ред ќе стартува од првата позиција на трката за Големата награда на Италија во Монца, откако во саботните квалификации оствари речиси половина секунда подобро време од својот клупски колега, Германецот Нико Розберг, кој ќе стартува како втор.
Ова е вкупно петта „пол позиција“ за Луис Хамилтон во Монца, со што го изедначи рекордот што досега го делеа легендарните пилоти Аргентинецот Хуан Мануел Фанџо и Бразилецот Аиртон Сена.
Инаку, за Британецот ова е вкупно 56-та прва стартна позиција во кариерата. По јубилејната 50-та победа Хамилтон ќе стартува во недела во 14 часот.
Од вториот стартен ред, односно од третата и четвртата позиција трката во Монца ќе ја почнат возачите на Ферари, Германецот Себастијан Фетел и Финецот
Кини Раиконен.
Од петтата позиција ќе стартува уште еден Финец, Валтери Ботас од Вилијамс-Мерцедес, а од шестата е Австралиецот Даниел Рикардо од Ред Бул, чиј клупски колега Холанѓанецот Макс Верстапен ќе стартува како седми.
На осмата позиција се квалификуваше Мексиканецот Серхио Перез од Форс Индија-Мерцедес а деветти од истиот тим е Германецот Нико Хуелкенберг, додека првите десет ги заокружува Мексиканецот Естебан Гутиерез од тимот на Хаас-Ферари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсен 28-годишник од гостиварско, пронајдени кокаин и марихуана
-

Светски ден на менталното здравје: Барањето помош не е слабост, секој човек заслужува да биде слушнат и разбран
-

Изложба по повод 80 години од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје
-

Трамп: Норвешка има „неизбришлива дамка“ зашто не ми додели Нобелова награда за мир
-

Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо водство
-

Киев со остри критики по одлуката на САД да ги ублажат санкциите за рускиот дизел
-

Прогласена „голема катастрофа“ во Панама по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени
-

На парламентарните избори во Србија ќе учествуваат 18 партии и коалиции
