„Глобус“: Во БиХ живеат околу 4.000 екстремисти на Исламска држава
Хрватските безбедносни агенции проценуваат дека во БиХ живеат околу 4.000 екстремисти на Исламска држава, пишува загрепски „Глобус“.
Повикувајќи се на инсајдерски извештај за позадината на хрватската борба против ИД, весникот ја наведува проценката дека на милион жители во БиХ доаѓа по 41 борец на таа терористичка организација, што, како што се тврди, е еден од најголемите европски просеци.
Од БиХ во Сирија, напоменува весникот, заминале 156 мажи со 36 жени и 25 деца. Од почетокот на годината се вратиле 48 мажи и три жени. Загинале 25 мажи и една жена.
Според старосната структура, најстариот борец во Сирија од БиХ имал 74 години, додека просекот на старост на жени е 27, а најстарата има 55 години.
Борците на ИД од БиХ заработуваат од 50 до 100 долари месечно, а една третина од нив не се претходно кривично евидентирани поради тероризам или кражби.
- Босна е земја во која војната не е завршена, туку прекината, ја пренесува „Глобус“ изјавата на надлежните во службите за безбедност, а Павле Калиниќ, началник на загрепската Канцеларија за управување со кризни ситуации, вели дека Хрватска е потенцијална мета со самото тоа што била вмешана во војната во БиХ.
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции