Глобалниот добавувач во автоиндустријата, Делфај, инвестира во Македонија
Американската компанија Делфај, меѓу најголемите глобални добавувачи за автоиндустријата ќе инвестира во Македонија.
Се работи за една од 15-те најголеми компании во светот за електронски компоненти за автомобили со над 17 милијарди долари годишен обрт.
Компанијата треба да почне со работа во текот на 2016-та година во скопската зона Бунарџик. Ќе во првата фаза ќе инвестира 15 милиони евра и ќе отвори 500 работни места.
- Со оваа компанија првобитно стапивме во контакт уште во 2010 година, а овој специфичен проект за електроника дојде случајно врз основа на моја средба со еден од нивните глобални директори на аеродромот во Детроит во јанаури 2013 година. Значи речиси пред три години и низ целиот овој процес ние бевме една од земјите во кои Делфај имаше опција да инвестира, рече Виктор Мизо, директор на ТИРЗ
Делфај има 126 фабрики во 33 земји со над 164 илјади вработени.
- Поволната бизнис клима напредните вештини на работната сила и одличната инфраструктура во технолошко индустриските развојни зони беа клучни фактори за носењето на одлуката да се инвестира во Македонија, стои во писмената изјава од компанијата.
Од Делфај велат дека фабриката во Македонија ќе придонесе за испорака на висококвалитетни и водечки технологии кои на производителите на автомобили им овозможуваат да се справат со се по сложените електронски и сигурносни системи. Компанијата снабдува 18 од топ 20-те производители на возила во Европа.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
