-->
-->
Глигоров: Да ги „натиснеме“ па ќе видиме како ќе реагираат?!
-->
Еден од најискусниот во редовите на ФК Вардар сигурно е Никола Глигоров кој е еден од четворицата играчи кој играл во својата кариера на Кипар. Првотимецот е свесен дека Вардар оствари добар резултат на гости кај Апоел, дека добро играл во дефанзива но малку размислувал за напад:
„Во Никозија го добивме тоа по кое тргнавме таму - да не примиме гол. Рековме пред тргањето дека ако може да постигнеме гол, би било уште подобро, но не успеавме ниту да им се заканиме искрено, но пак ќе кажам 0-0 е активен резултат, кој ни дава надеж дека во Скопје можеме да ги екиминираме Кипраните. Е сега, во Скопје ќе биде друг меч, претпоставувам дека и нивниот приод во мечот нема да биде ист како во Никозија. Дома е едно, во гости е сосема друго. Истото се однесува и на нас, што значи не да напаѓаме по секоја цена, меѓутоа ќе мора да се заканиме, тие да почувствуваат дека и нашиот напад е опасен. Да се обидеме да ги притиснема па ќе видиме како ќе реагираат во таква ситуација“, оптимист е Глигоров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ
-
Првото бебе на скопска Гинекологија е машко
-
Новогодишната ноќ минала мирно без поголеми инциденти
-
Песни и оро во срцето на Скопје, продолжува традицијата стара речиси цел век
-
Отворен ски-центарот „Михајлово“ на Кожуф
-
Мицкоски за Судски совет: Уништен им е кредибилитетот
-
Полска го презема претседателството со ЕУ – од денеска Бугарија и Романија во Шенген