Главно карневалско дефиле во Струмица
Околу 1.100 учесници распоредени во 38 групи попладнево во 18:30 часот ќе продефилираат на Меѓународниот карневал што традиционално се одржува во Струмица.
Годинава, освен маските од Струмица, Радовиш, Пробиштип, Делчево и Кавадарци, на карневалот учествуваат и гости од Албанија, Русија, Бугарија, Црна Гора, Србија и Аруба.
- Поради поклопување на православниот и католичкиот Велигден и одржувањето на традиционалните карневали во другите земји, годинава не се присутни некои нашите традиционални гости од странство. Но, имаме ист број учесници, како и две атрактивни групи од Моска, Русија и Аруба. Почетокот на карневалските денови во Струмица ветува одличен настап и вечерва на главната поворка, изјави Александар Цицимов од Организациониот одбор на Струмичкиот карневал.
Синоќа се одржа маскенбалот, на кој брачниот пар, Александар и Соња Ташеви беа избрани за принц и принцеза кои вечер ќе ја предводат главната карневалска поворка.
Утре ќе се одржи традиционалниот детски карневал, а задутре кога е Чист понеделник ќе биде послужен бел грав на градскиот плоштад „Гоце Делчев“. Претпладнето ќе бидат објавени најдобрите маски, а вечерта ќе биде отворена изложбата на карикатури и афоризми, учесници на 18. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам. Во вторник ќе бидат доделени наградите од Интернационалната карневалски вечер и тримерската карневалска забава.
Карневалските прослави завршуваат на 1 март со одбележување на Тримерските обичаи и со концерт на ансамблот Тримери.
Ново на Сител
-
Годишна конференција на Македонска берза
-
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
-
Трамп: Израел и Хамас се блиску до постигнување некаков договор
-
Мицкоски: После локалните избори ќе предложиме резолуција која ќе ги штити македонските национални интереси
-
Израелската армија повторно нападна цели во главниот град на Јемен, Сана
-
Полесно повреден возачот на цистерната што се запали на патот Гевгелија - Богданци, се отстранува истеченото гориво
-
Зеленски се закани со напади врз Кремљ
-
Словенија го прогласи Нетанајху за „персона нон грата“