Главните преговарачи на Косово и Србија денеска на средба во Брисел
Косовскиот вицепремиер и главен преговарач во дијалогот со Србија, Бесник Бислими отпатува синоќа за Брисел, каде што денеска треба да се сретне со главниот преговарач на Србија, директорот на канцеларијата за Косово при српската Влада, Петар Петковиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што соопшти прес-службата на косовската влада, во рамки на процесот на дијалог, кој се води со посредство на ЕУ, ќе се разгледа спроведувањето на Основниот договор од Брисел, постигнат на 27 февруари, Анексот за имплементација од 18 март, договорен во Охрид и планот за натамошно дејствување од 21 октомври годинава.
-Ова е следната средба од овој процес, по онаа (на премиерот Албин Курти) на 26 октомври со лидерите на Германија, Франција, Италија и ЕУ, на која Република Косово ги истакна своите позиции и подготвеноста за потпишување и целосна имплементација на договорите, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Четири рочишта против Мерко
-
Дневно и по 200 деца со респираторни инфекции завршуваат на Детска и во клиниката “Козле”
-
Алијанса на пациентски орг. - лекови за онколошки болни што поскоро и вкл. на алијансата при носење на здрав. политики
-
Мицкоски следната недела ќе се сретне со синдикатот на УПОЗ
-
„Генерален штрајк“ во Србија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот